му (зам.) - затропа (гл.)

Тој ја напушти стражарницата и му се врати на езерото без кое не можеше: ги оптегнуваше мрежите на диреците крај куќата, ги чистеше од тревје и алги, шеташе со прстите по нив како по жици од харфа потпевнувајќи си; кога ќе му дојдеше дремката, легнуваше на песокта крај езерото, и додека тоа тивко, како некое жужаленче жужаше на песокта, тој тонеше во длабок сон; спиеше сѐ додека на зајдисонце не му затропаше добитокот што идеше од пасење и навраќаше да се напие вода; а кога ќе легнеше поднапиен, тогаш ни тапани не го будеа; стануваше кога некој од домашните ќе го растресеше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Срцето му затропа силно и рипна на нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој не забораваше пред голема радост или пред голем страв да го праша Србина да стави камче во матарката за да му затропа додека оди и да му го чува стравот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Двајцата, господине, - птскокнувајќи на место рече Шишман, од што камчето во кутивчето во џебот му затропа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)