му (зам.) - замери (гл.)

Еднаш само му замери, во еден спонтан разговор, во времето на шеесеттите години пред да заминат во Мелбурн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сцената си постои, артистите си постојат, јас не сум ни сценарист, ни режисер, а сепак, чувствувам некоја одговорност, божем јас сум тој кому ќе му замерат за поредокот на сета вселена, за хаосот и за редот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Поубаво пееш од мене.“ „Засрами се, Чорола“, му замери исто така гласно Петре Питропот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Додека традиционалистите му замеруваат сешто - од нападноста на графиката (којашто наводно би требала да биде невидлива), преку нечитливоста, до простата грдотија, се покажува дека младата публика, истренирана на колажната естетика на MTV го прифаќа неговиот радикален пристап кон дизајнот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој дојде до чешмата, подзастана пред двајцата војници и кога се увери дека немаат што да му замерат, пречекори напред и од рака се напи вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Не ме мајтапи сега и ти, - му замери Методија. - Сум ти кажувал како на свој човек: слушај ме, вели па ако дојдат нашите пандури ќе бидеш, од плата ќе живееш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)