му (зам.) - загине (гл.)

— Ќе му загине мекото, вели жената до мене, кога ќе рече камен, кога ќе проговори.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Учителот Стамен потекнуваше од семејство кое во сите војни се обезглавувало, но пак некој, како израсток од пресечено дрво, го обновувал родот: прадедото му загинал во борба со турските зулумќари што го ограбувале селото; дедо му загинал како комита во Илинденското востание; татко му учествуваше во Балканската војна, и по протерување на Турците, отиде во Солун да работи каде што го поведе и Стамена да изучи некоја школа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
— Вие сте негова мајка? — Да, велам, татко му загина. — Но тоа има друго презиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така тие го сардисале гратчето со пушки и топови: истрел - крик, писок на сабја - писок на пресечено грло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)