му (зам.) - завршува (гл.)

Сето време тој беше постојано свесен дека храната полека и трпеливо му завршува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некому смеењето му завршува со кашлање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Шандор на главата има паларија со извиткан обод на кој не му се знае предна и задна страна; под раштрканите мустаќи му се гледа малечкото луле провиснато на крајот од устата; мевот му е испакнат и напиња на елекот што го стега; на елекот му се гледа синџирче од часовник што му завршува во џепчето каде што му е ставен палецот од едната рака; погледот му е сериозен, па дури и малку свечен од важноста што ја придава на сликањето, на чинот со кој ќе се овековечи градењето на куќата, на која е завршен првиот кат, а започнува вториот со оставени отвори за врати и прозорци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги дотрошува силите, што се вели, му завршува работата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислите му завршуваа до големото езеро крај кое се истркалаа неговото детство и младоста, со надеж дека ќе им се врати на старост. Пуста балканска надеж!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)