му (зам.) - заблагодари (гл.)

Таква опасност постоеше особено кога Турците ќе загазеа низ делот од полето што го обработуваа Дамческите, а што не доаѓаше до сфатка, и едните и другите имаа да му заблагодарат само на непознавањето на силите на противникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, сѐ едно, јас му заблагодарив.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се израдувал Итар Пејо, му заблагодарил на човекот за добрината, се качил пак на едното од нив и си свиркал од радост и ги терал магарињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Може ли на некој начин, воопшто, да му заблагодари поетот на својот народ, на својата народна песна? г.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ќе го бараш Сетворителот и Седржителот за да му заблагодариш што ти помогнал да изградиш куќа и во куќата Ангелот од Курбиново, и стиховите-пеперуги кои излетуваат од твојата уста и ја осветлуваат шумата од костени, во која пладнуваат елени со златни рогови и со сребрен ѕвон ги веселат темелите на куќата и ги озвучуваат ѕидовите, та кој ќе помине крај неа застанува да се наслуша и подмладен да го фати Патот на Апостолите, пресреќен што се упатил кон Бога, како што си се упатил и ти самиот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Големиот мајстор од другата страна на Градот му заблагодари на честа, но мисли дека писмото стигнало на вистинска адреса.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Странецот му заблагодари. Чуварот намуртено погледна во Марија. Којзнае што си помисли.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Разговорот воден на каурски јазик и средбата на Анѓа со Ангелета ги окуражија другите сужни и сите му заблагодарија на господа што ќе им помогне на овој начин; дури и оче наш го прочитаа во себе тие што го знаеја.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Попот и Васил му раскажаа од почеток до крај, Анѓа ги дополни за зулумите од прилепскиот кадија со своето ропство кај него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И пред да му заблагодарам, тој излезе затворајќи ја вратата зад себе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Кај и да ја шутнеа, топката, ќе се дотркалаше до мене. Просто ме бркаше.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)