му (зам.) - дофрли (гл.)

На крај без престан дрдореше, и дење и ноќе, а целата улица татнеше од врисоците на батката да замолчи, додека го тепаше со тупаници и му набиваше свеќи, но ништо не помогна, па газот му рече: “На крајот ти ќе замолчиш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој тргнува со својата програма без никаква проба, а газот сето време му дофрлува свои штосеви и импровизации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бекман е невротичен. Но треба да се признае дека од некого во таква состојба не може да се очекува дека на човештвото ќе му дофрли појас за спасување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Ќе им фукнеме по една шибица и нека певаат до сабајле - му дофрли Кољо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- За инцидент е лесна работа. - Доволни се две три пцовки кон спротивниот табор и забавата може да почне - му дофрли Пудлицата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Ние имаме повеќе ловџии од зајаци и еребици! - му дофрливме шеговито на Коле.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ги грабна кофите и одвај успеа да му дофрли на својот другар: - Манукот, манукот е долу!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но подоцна, малечкиот сладок дебелко ненадејно почнува да му дофрла парчиња свежо, крваво месо на изгладнетиот народ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Му дофрлив парче леб со путер, останато од вечерата. Го лапна без да трепне.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Каде сум тоа јас? - Некаде меѓу земјата и облаците! - му дофрли Ивона.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Земи чепкај нешто за да ја убиеш досадата... - му дофрли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но,само половина час подоцна, додека во аеродромската зграда чека подвижната лента да му ги донесе куферите, тој со фраерски поглед Г-8 ѝ отпоздравува на истата стјуардеса, што сега испаѓа дека е блондика со ретка комбинација = долги нозе + срцолико усте. * * * А третата ноќ по доаѓањето во Познањ: Баш се згодни овие Полјачките – му дофрла патникот на Луис Алфонсо, наздравувајќи со нова кригла светло пиво во преполнетото кафуле „Dramat“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тука цела пролет е вака. Се истура.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Најпосле децата увидоа дека нивните закачки не палат, па ќе се задоволеа само одвреме-навреме да му дофрлат: - Еј, НЕ, да не си ги голтнал јазикот?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Пак нешто си смислил - му дофрли шеговито.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Оставете го списокот на бирото!” - му дофрли шефот на СС единицата.  „Може ли да знае нешто?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој беше слободен ѕидар инициран во масонската ложа на Закинтос, којашто впрочем како и сите други ложи на окупираните територии, згасна кога започна војната.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Без месо е, газда, - му дофрли таа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој нешто им вели; Сане е загрижен, Саздо се смее и му дофрла нешто на службеникот а овој налутено се враќа, прескокајќи преку шините.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Штом некој ќе му дофрли зајадливо и подбивно, се фали со татка си.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- ги вцрвени ушите од лутина Ранч, и продолжи пак да му дофрлува кога ќе чекаа крај казанот јадење: - Јади, јади на сметка наша што те доведовме ваму...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Престани да бараш кодоши околу себе, му дофрли Наум Џумката чепкајќи си го катникот со сламка од ланска трева.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нешто му дофрли или му прирече, но тој воопшто не реагираше.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)