му (зам.) - доликува (гл.)

Тој беше облечен онака како што му доликува да биде облечен на еден богат трговец.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Јас ќе ти ја покажам, чичко, - викна едно малечко босоного дете и се одвои од другарчињата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со посредство на еден пријател од Австрија, Лабрис почна да излегува во еден пристоен часопис и беше третиран како што навистина му доликува.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Уште се сеќавам на некои фрази од нејзиниот говор што не му доликуваа на девојче, туку на старица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И таа негова смиреност, што не беше нималку слична на неговото однесување кога порано се гледаа во присуство на Атиџе, и таа го издаваше бегот: знаеше тој, знаеше зошто се тие тука, и бидејќи се беше обезбедил, покажуваше сега расположение што не му доликуваше на неговото убаво лице.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сакам да се борам како на генерал што му доликува.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Ќе го запалиме, рекол Онисифор Мечкојад; го мразел Пандила, сакал да му се спротивставува. - Ќе стане само пепел, ништо повеќе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Крстен е. Ќе го закопаме како што му доликува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што му доликува на името, испи неколку пива пред да им се нафрли на чешмите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Море, ајде магла оттука, препушти му го местото некому кому тоа му доликува!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)