му (зам.) - докаже (гл.)

Димо пак го направи Бина будала што не зема стотина лири и почна да му докажува и нему, како на неговите старавинци, оти грчка наука е вистинска наука, а бугарската лажна и украдена од грчката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„На времето, не знаев како, но знаев дека еден ден ќе направам фонт со кој ќе му докажам дека не бил во право”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Морам да признаам дека, во суштина, тоа што прифатив да живеам со него го сторив за да му докажам дека бев во право, дека не сме еден за друг.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Му го подавам весникот на постариот зашто тој ќе му ги прочита сите некролози на другарчето од собата карши, со посебен акцент на годината на раѓање, за да му докаже дека: „Ето, и млаѓи одлазе!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Марија, со повисок тон, но и со некој израз на вина, се обидуваше да му докаже на Хелвиг дека треба да ѝ го врати детето, штом таа веќе не е во болница.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Зјапаа во пијан пајтонџија а тој се мачеше да му докаже на некој невидлив слушател дека автомобилот е најголемо зло за човекот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Само се чудам зошто кога ги дупам помладите сите викаат „ОФФ, ОФ“, а никој не вика „УФ, УФ“!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Единствено што 144 okno.mk сакам е да му докажам на светот дека мојата мисија е праведна!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако му докаже на човекот дека Белчо е мирен и не апе, дека си игра со деца, тој ќе го пушти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Плачев и попусто се трудев да му докажам.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Плачев и попусто се трудев да му докажам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
- А со кого да се видам, ќе му велам, кој сака да гледа гламна опалена и прегорена, ќе му велам, ама не можеш да му докажеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)