му (зам.) - довикува (гл.)

Земанек застана до разбојот, и сите ние, машките, почнавме да му довикуваме; сите му завидувавме, затоа што таа помош што требаше да им ја пружи на девојчињата подразбираше да ги фати за половината, да ги поткрене за да ја дофатат пречката и потем, при слегувањето да ги дочека на ист начин: околу половината. (Го правев тоа во циркусот потоа милион пати, но никогаш со Луција, туку со други жени).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога на конференциите, организирани против бога и верата, некој од младите ќе се осилеше отповеќе, старите му довикуваа Ајде де, ако ти стиска, ако си толку маж, отиди сам на Самовилец, а раководството на младината му одговараше нему За ширење на антинародна пропаганда знаеш кај можеш да отидеш.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)