му (зам.) - довикне (гл.)

Бојко и Мишко му довикнаа од нивниот двор. - Еј, чичко Никола, што ќе фаќаш? - Волци и мечки, - насмеано одговори чичко Никола.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Ако мислите да почивате, - му довикна на Претседателот низ густиот рој снежинки, што виореа меѓу нивните лица со побелени веѓи, - почивајте откако ќе ја префрлите Големана Пресека. Немојте никако пред тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Купи ги бабиштана. Стари се, а играат циркус, му довикна на Баждара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Никој не греши душа, така е, рекол Доце Срменков а црната креста му се занишала на темето. - Само, ние ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ех, небитница, како ќе ви кажам ... Кажи им, му довикнал оној бабуњосан Адам Лесновец и веќе самиот раскажувал: - Штипскиот бег Кара-Мурат сосила ни ги зеде камењата пред три дни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да му довикнам дека сочувствувам со неговата спремност ако затреба да скокне и низ обрачот со оган, но за да го стори тоа мораше да ја игнорира ироничната насмевка на Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Рецептите најмалку помагаат, почитуван, посакав да му довикнам на Стариот писател додека го заобиколував Самоников и главата на тигарот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Некои твои колеги сфатија дека парите се во Митко, и тоа не пари, туку марки и зелени хартии, - му довикна Спасе-Грав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не прави се важен, - му довикна оној глас, - нема кој не паднал. Кејтеновиот син ја нишна главата кон земјата, а штом тоа ќе го правеше, тогаш беше попусто да го разубедува човек.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
„Внимавај на бодликавата жица“, му довикна додека се оддалечуваше по бетонската патека.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Пријатен појадок! - му довикна Полжавот и се упати кон соседниот џбун.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Зафатена со својата работа жената му довикна: „Што се случило, Хернандо?“ „Ништо“, ѝ одговори тој.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)