му (зам.) - врти (гл.)

Додека Јана му вртеше на Никодина, Ѓорѓе радосната вест ја сподели со Раде и Анѓа, која беше крајно незаинтересирана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А и го сфати тоа како љубомора од Пипиле, кој порано ѝ фрлил око, но таа не му вртела глава, та едвај чекал да дојде Богдан за да му ја предаде пудлицата нему за која тој порано се грижел.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Му вртеше окото ваму-таму по маказарските невести. Човечка слабост. Го избркаа нашите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И неговите луѓе почнаа да му вртат грб.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа ја збуни, но нагонот да се одржи ја натера да не му врти грб на опитниот противник пред да го исплаши со војата сила.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Само Кристина ќе се спои со него. Само таа ќе се ослободи. Не се плаши. Не му врти грб.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа ја збуни, но нагонот да се одржи ја натера да не му врти грб на опитникот противник пред да го исплаши со својата сила.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се врати во шаторот како да му врти грб.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но никој не му врти глава.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Спрснаа и другите, малку како да ја прифаќаат играта, а малку како да му вртат грб на Мартина.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)