му (зам.) - возрази (гл.)

Човекот што зеде да му одговори, помлад од него, имаше толку тврд поглед, и, воопшто целиот изгледаше толку решителен, што тој, Дамче, изгуби волја да му возрази, макар само со еден збор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да ти се плукнам на одговорот, си реков. Но ништо не му возразив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наеднаш ми се пристори дека за да се сфати некоја порака сепак е потребно и да се размисли.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Погаѓајќи му ги намерите на Арслан бег и јасно чувствувајќи го неговиот предизвик, повеќе упатен нему отколку на другите, некое време Дамче се колебаше дали да му возрази.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)