му (зам.) - влепи (гл.)

- Го чув- рече стрико Герман, ја собра влашката шамија што ја имаше спострено на скутот, ја остави штицата до него, стана и му пристапи на сина си Љакето: со левата рака го фати за левото уво, му ја свитка главата така што Љаке го подзаврти десниот образ и тогаш стрико Герман со десната рака му влепи прку образот една, не шлаканица, туку цела тресеница од која на Љакето мора да му засвиреа ушите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој не ја погледна, но проговори нешто нејасно, а потоа веднаш се извини за, како што рече, „непристојноста на еден шеесетгодишен старец,“ на што Софија му влепи шамар и со тоа заврши сцената, бидејќи таа во истиот миг стана и со брзи чекори излезе низ вратата на ресторанот, силно удирајќи ја зад себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)