му (зам.) - види (гл.)

Му ја зема дланката на Богдан за да му види уште колку ќе живее, но тој ѝ ја трга раката.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој беше дирата само на еден ветер, што ги разнишкуваше гранките и кому што тој не можеше ништо друго да му види.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сѐ што душичката му виде на Трајан, сѐ што му помина преку главата, само тој и коњот го знаат: и шлаканиците од старешините, и мајката и шајката што му ја караа, и душичката в нос што му идеше на тешките вежби и маневри - сето тоа, тој, кутриот коњ, го плаќаше: сиот бес и лутина на него го истураше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А како да му видов солзи да му се покажаа на очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)