му (зам.) - блеска (гл.)

Сонцето се крева, го зафаќа ридот, му се пика в очи, му блеска.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Медалот му блескаше, ставен тука крај срцето. Се гледаше чукањето на срцето од медалот што се поместуваше одвреме-навреме...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ме позема со очите, што се вели, му блескаат на русата глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога го виде Китан шишето, како господа да го виде; накреваше на него, отпиваше забрзано и го жулкаше Анка по раката што се држеше за шипките; пиеше и сѐ така го жулкаше молчејќи како нем човек; лицето му блескаше од радост; од очите му избиваше некоја чудна светлина од задоволство, од радост, од огнот што му се распалуваше во него; отпиваше од шишето забрзано како човек прежеднет во пустиња.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чевлите му блескаа и сѐ беше на него квалитетно и „сигурно многу скапо“ -си помислив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)