му (зам.) - благодари (гл.)

И поп Петко затоа излезе: да го дочека Ѓура како шура, да му се извини нешчо ако згрешил што им зел на децата и жената некоја пара повеќе, за некое и друго кило жито а повеќе да го пречека и да си го прибере Крчето, да му благодари на Ѓура што го доведе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И попот ова го чекаше: да дојде до куќа и така азар сермиичка, та му благодари на Лесната и Младена што ќе му помогнат да се извлечка од калта и да ги прифати и децата и стоката, Речено — сторено.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога си одеа дома боси и голи, тие се заветуваа дека нема да го заборават доброто што ги излекувал свети Димитрија и секоја година идеа на денот да му благодарат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море зошчо си се арчил толку, свети Јоване, шо токо а ружаш „бабата" неоти на танецот ќе се вати? — забележува Брле и му благодари за направениот трошок.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зборовите од Адема му ја затресоа целата снага и веќе се гледаше невеста крај убавото Толе Кулиќево. Не можеше да го дочека ѓезвето да зоврие за да му го однесе кафето на Адема. Му ги избакна рацете и му благодари за големиот подарок кој утринава ѝ го вети.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Му благодарам о, Боже, на морето што ќе остане да ја следи преселбата на моите зборови низ неизвесноста.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И макар понешто од тоа им остави на своите деца. За тоа му благодариме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Срната го погледна малку право в лице, ем како да му благодари, ем како да се чуди, но потем ја ведна главата, отчекори едно мало чекорче наназад, колку подобро да се намести и си почна да си јаде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На Венко му благодарам за указанието, охрабрувањето и вербата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- За посебноста му благодарам на татко ми.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Му благодарам, сепак, за финиот помин. И тоа мораше да заврши.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
САВЕТКА: Му благодарам. (На Илија) Кој беше ти, како познат да си ми?...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Наташа Му благодарам на татко ми кој беше со мене додека ја пишував оваа книга за да го прашам за сѐ што не можев да се сетам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Да му благодариме на бога, - рече, - то ест, како ми ти се очињата?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш тој му благодари на деда Најдо и стана.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Му благодарам и од мене и од Билјана на тој чуден чичко.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)