му (зам.) - бара (гл.)

Кога седнаа четворицата: Илко, Доста, Неда и Крсте да утврдат колку и какви дарови ќе му бараат, Илко запна да качува што повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му правеше задоволство на новиот поп да го гледа сина си пред него и да му бара чаре за здравјето, бидејќи други машки деца немаше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А Петруш носеше и по дветри торби за да ке ги мачи луѓето да му бараат и торби на светијованот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ами, ете до каде: да те слушнам колку пари ќе му бараш на чифлигот... — го потсети Јован.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Денес робовите не добиваат ни пари за хранарина, а газдите ги тепаат со пиштол алудирајќи на охридскиот штотуку полнотелен газда кој со кундак ги млател работничките у текстилната фабрика што му барале плата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Инаку, веќе е во дејство новиот туристички режим на секој странец портирот прво му бара „бордеро“ (документ дека сменил валута), па потоа му го пополнува картонот за легло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Шеташе Богдан со очите по неговата корона и попусто му бараше зелена гранка.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тогаш, својот љубен, цело време и по цели денови, го штипкаше, го скубеше, го грицкаше, го удираше од ѕидот, и таа со него, и му бараше бакнежи, удари, докази.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Рекламата во весникот тоа слабеење му го припишала на измисленото средство Re- duco, а резултатот бил дека стотици дебели луѓе му пишале на Хичкок и му барале податоци за тоа чудесно средство.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од оној ден кога Бонети расположен кај рибарот Дејко му рече на кметот да му најде некоја жена, кметот го стави тоа на ум и почна да му бара. Но ниедна не сакаше да чуе. Реши да ја наговори братучетка му Цара.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Премиерот, пак, веруваше дека некој нешто му должи затоа што тој дал, но притоа заборави дека тогаш кога му барале, самиот за возврат не побарал ништо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се плашеше да не се пресегне да подаде парче за сантиметар подолго одошто јас му барав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го тапкаа по рамо насмеани момчаци, го гушкаа и не му бараа, како другипати кога го мајтапеа, да пушта чад од ушите...
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Така почнува со кафе. По некој ден еве ти пратеник од каушбашијата, заем му бара дваесет гроша.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ај, пак кога ќе спечали нека каже една невеста да му бараме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Арно ама дуовникот други пат не бил во тој вилает, за да знае да шета сам и му рекол на анџијата за да му бара некој калауз, за да го шета по селата и по градовите.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мора да има лек, мора да има спас, викаше избезумено Маруш и започна сам да го лекува и да му бара спас на Висар.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му ја проѕреа луѓето таа негова желба и почнаа да го уценуваат: да му бараат двојно, тројно, па и повеќе отколку што чинише нивниот имотец на брегот; но тој, кусејќи и делејќи од устата, од животот, преминувајќи ја скришно границата за Албанија по трговија, правеше некако и одвреме-навреме купуваше по нешто и се прошириваше - го освојуваше брегот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие често се запираа, во групи од по два-тројца, пред некој убав коњ, вол, бик и го прашуваа пазачот чиј е, и колку пари му бара чорбаџијата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Зар тоа не беше порочниот круг на егзилот на кој му бараше решение?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Потоа жена му на Мил доби писмо од некое друштво во кое беше зачленет Мил и кое му бараше да ја ипрати теоријата за откривање на карактерот на човекот преку неговото чекорење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И полјакот го враќа Стојана Пејкоски и му бара „многу години“.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Покрај неа и едно рането војниче што плаче за вода. Се моли. Кај да му барам вода?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)