ми (зам.) - ѝ (зам.)

А мангупот ѝ беше зел и мерка, па и алиштенца од мајка ми ѝ подаруваше за да ја поткупи, а таа одбиваше да доаѓа зашто почнал и да ја штипка и да ја срамоти, а тој само ја „мувал“ - така ми рече кога го искарав.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На мајка ми ѝ однесов само поздрав.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Брат ми ѝ објасни дека пудриерата ја купил во некоја старинарница, а мајка ми обожава стари предмети, колку постари- толку повеќе ѝ се допаѓаат, а од ова огледалце просто не може да се одвои. Го носи со себе каде и да оди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми ѝ принесува млеко. Но таа прошепотува: - Јаболка ми се јадат.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Пред да се стемни, баба ми ѝ рече на мама да извади туршија додека се гледа, а дедо ми притури ракија од бинлакот под тремот во шишето иако тоа беше речиси полно до половината.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога ги менува чантите, ако е посвечено облечена, па не ѝ одговара таа што секој ден ја носи на работа, во другата, свечената, го преместува и огледалцето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Последен пат го видов на свадбата на Јане Скендеров кога на мајка ми ѝ објаснуваше дека само јас од цела фамилја знам правилно да ја држам чашата за вино, исто како и тој.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)