ми (зам.) - си (зам.)

Токо, тоа се стори шо се стори, гледај ми си и Доцо дечињата и барај ми си капа според ќелавата глава, та не гледај оти векот носиле фесови со пискули или дури и паларии. Тие глави се други глави.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Та затоа вујко ѝ вели, да не ми си побркаш к'сметот шо ми та дошол дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Снаа ми си е топраклиа на моата татковина. И редот си е така, не е првица од мене!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На испраќање ѝ рече само толку: — „Оди ми си дома и гледај ми си работичката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И жена ми си отиде. - Оди ти. Ќе те стасам јас, - ѝ велам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еден друг ден кога татко ми си дојде на ручек, видов како носи под мишката една необична книга, и откако се помисли каде да ја стави, ја отвори вратата од шкафот и ја остави таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Така, синко, да ми си прокопсан да не ни се ситат душмани.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
3. АМИ ЕДНА СТАВА ШТО ИМА, АЈ МИ СИ ОДИ - оди си, значи, во небрано лозје да те фатат, па штом полјак те улови средсело да те води да не знаеш ни роденденот на која ти е дата...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
КУМОТ: (откако се напива). Здрава да ми си и весела.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Јас и сестра ми си игравме негувателки.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тие знаеја дека ќе мине!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Дајте ми и мене малку нежност, господине.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Господине, и мене ми треба малку нежност,“ подвриснуваше Августина, додека брат ми си ги бришеше солзите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Баба ми си рекла – зар е можно на Мила нешто такво да ѝ падне на ум, толку мало дете?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)