ми (зам.) - нѐ (зам.)

Мајка ми нѐ пречека, смирена, на порти кога нѐ виде сите заедно, со сите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Мајка ми нѐ научи да зафати чорап или нешто.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога ние децата се подготвувавме да одиме кон паркот, на последното големо видување со Чанга и со неговите кози, татко ми нѐ запре пред портата и ни рече да го почекаме, зашто и тој сакаше да дојде со нас.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако почнеше да грми силно, а бидејќи баба ми нѐ учеше дека дедо Господ кара некого кој греши, јас никогаш, до голема, не се плашев од гром, зашто мислев дека ништо не сум згрешила.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Таа била бебе кога татко ми нѐ селел мене и сестра ми Борка од Крњево.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)