ми (зам.) - кој (зам.)

— Мори ми кој ми е, браче Јоване. Ме излага тој натемаго, та ете се стори резил во векот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Море ми кој, Толе!... Кој е тој шо ќе си а клава главата в торба?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За среќа ја имав другарка ми која како да беше поразлична од малоградскиот менталитет, па по малку успеваше да ме врати во живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Нему не му е срам вака гласно да се изразува пред жена ми која со китка цвеќе во раката чека гробарите да тргнат и да се поздрави со моето тело оставајќи ја таа китка бели темјанушки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И маж ми кој е ужасен со мене! ... тоа е за срамота, Докторе! ...“
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
6 На претпоставката на Митрев директен, потврден одговор дава самиот Живко Чинго во едно интервју: „Уште од најраното детство имав можност од устата на татко ми кој во месноста важеше за еден од најдобрите раскажувачи и пејачи, да чујам огромен број приказни, потоа секакви кажувања за „животиштето“.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Генералот ја откопча кожната блуза, од внатрешниот џеб извади хартија свиткана на четири и рече: - Другар капетане ова е писмо до ќерка ми која живее во Атина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сара подразмисли некое време, па одговори: „Оние женки кои им припаѓаат на копитарите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зошто чудна?“ „Чудна, а тоа се гледа и кај животните,“ рече Клара, па праша: „Кажи ми кои животни, според тебе, имаат нешто најмајчинско во себе?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Веста стигна и до нашето семејство. – Каков попис сега, пустината, па не заврши ли пописот есеноска? – се прашуваше мајка ми гласно оставајќи го плеталото крај себе, на чардакот, седната до татко ми кој прелистуваше некаква стара книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кажете ми кој од вас има најгазда татко?
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- Сепак, кажете ми која е вината на Чардаклија? - му се беше обратил М.Ѓурев на иследникот откако на тоа негово прво испитување се созеде од додатните размисли за својот престој во селото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)