ми (зам.) - тргне (гл.)

Сами ми тргнаа прстите, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штом го испија кафето Вера стана и се ракува со сите по ред. Татко ми тргна да ја испрати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Штотуку ми тргна у ебаниов живот, а дедо ми тежок хоштаплер матер им ебал на еден куп млади брачни двојки. - Да се немало усул бе.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Мене ми тргна тлото под нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Станавме; тој ме фати за рака; но одеднаш, се случи нешто чудно: мене рацете сами ми тргнаа кон неговото лице, и веќе во следниот миг јас го гушкав и го прегрнував.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога се свртив десно, погледот ми тргна над новиот ѕид.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми тргна арно животот. Ми се родија три ќерки и по нив синовите Санде и Павле. Зедов и едно посвојче, Григур.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)