ми (зам.) - стави (гл.)

И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Значи, тебе Јорданка, ти умрел мажот ти? - ѝ се обрати на тетка Јорданка којашто ја поднеместуваше фотографијата на дедо ми ставена над телевизорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мојот дедо прекрасен чудни нешта прави. За роденден пред врата, моторче ми стави.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Ми стави на знаење дека нема лесно да се ослободам од мисли кои наликуваат на сложувалка, потешка од онаа на сфингата.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Првин ми ставија капки за раширување на зениците, па потоа ме тераа да мижам.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)