ми (зам.) - соопшти (гл.)

Таа ми соопшти нешто што направи работите да тргнат во друга насока.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Телефонската машина ми соопшти дека фирмата повеќе не работи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Тој човек како да сакаше нешто да ми каже, нешто да ми соопшти, но не знаеше како.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ќе дојдеше одненадеж, како диво ветре, ќе дувнеше да ми соопшти оти во Домот за старци во Катланово директорот краде, дека во Негорска Бања ги трујат гостите со бајата, расипана храна, дека на министерот едикојси му ја запалил фотелјата заради нечесност, дека ја продава бараката во која живее, дека покојната сопруга Кона поначесто му доаѓа на сон и дека го вика, го кани кај неа и дека уште не е подготвен да оди, да си оди, зашто уште не му е времето и слично.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
РЕВШИН: А јас паметам како покојната Маргарита Семјоновна Хофман мене тогаш ми соопшти. Го ошумоглавила.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Како тоа?! - се изненади таа. - Па едноставно. Едната ми пиша писменце во кое ми соопшти дека ме сака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Веднаш погодив дека има нешто важно да ми соопшти.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тоа беше најсреќната седмица во мојот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Бев со Бреда секоја вечер, а преку викендот заминавме за Вермонт до хигиенскиот центар за кој ѝ зборувала нејзината роднина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На излезот ми пружи рака и ми соопшти дека резултатите ќе пристигнат за една недела.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)