ми (зам.) - создава (гл.)

Но сето тоа не е толку важно, важен е големиот балон што е надуен во мене и што ми создава чувство како да лебдам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Телевизорот не е во боја, а ми носи немир. Ми создава збрка...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Десно од мене видов еден прекрасен мозаик со паун; до него видов уште еден, на кој беше насликан пајак во мрежа; бев уште пијан и мозокот ми создаваше чудесни слики: „Овој паун овде што ги покажува пердувите е Фискултурецот. Види го колку е смешен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Одевме и јас во носниците го чувствував познатиот, за мене речиси анестетички мирис на лакот за железнички прагови; од детството тој мирис ме возбудувал, ми носел возбуда како да сум пред голем и непознат пат, ми ги опивал сетилата и ми создавал раскошни визии.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Под притисок на толпата која, сакала да признам или не, ми создаваше чувство на вина, ми се враќаше во мислите она Јосиево прашање од Четвртата книга Царства: „Каков е тој споменик што го гледам?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Знам, душо! Но, секој твој погрешен чекор ми создава немир во душава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На масата пред мене, заради ваквите цртежи исцртувани во часовите на немоќ за јасна мисла и точен збор, се собираа купишта листови и сето тоа подоцна ми создаваше дразба, некој вид иритација, а на целата соба тие чкртаници ѝ даваа изглед на растуреност.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Миризбата на крвта ми создаваше нагони за повраќање, но се сопирав и се обидував да не дишам низ нос.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)