ми (зам.) - слегува (гл.)

Не ми е сосема јасно дали пропаѓам или паѓам, ама гледам дека главата на пониско ми слегува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Косата ми се слива преку ушите, ми слегува на рамена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднипати тежината ми слегува на нозете, вели, од рацеве се преместува на нозеве.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А надолу по жилите, вели, ми слегува некоја топлинка, некое топло бубаче ми слегува надолу, вели, и ме лаза по жилите, по коските.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама осеќам дека водата до никаде не ми слегува, уште на работ на устата ми гине. Не може да го премине јазикот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама одозгора еднозадруго ми слегуваат некакви заплеткани конци, некои пајажини ми паѓаат вака право, како голема сенка и јас се барам со рацеве и се бранам со рацеве... Ја кинам сенката со нокти и веќе почнувам да викам, не се додржува гласот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)