ми (зам.) - расте (гл.)

„Catwomen - си помисли таа - ми растат канџи кога ќе ги залепам.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И сирото тркачко грло со куп ребра и една бела душа - си попаднало во нестарателски раце. „Твојата соба е поголема“ , шепнаа. „А утре ќе дојдеме и ќе го однесеме.“ „Кого?“ Го триеше со дланката темето и мислеше: брзо ми расте овесов на глава - треба утре да појдам на бричење. „Коњот“ , чу и се изненади.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Осеќам како ми расте, ми набрекнува телото, од секаде ми се јавува, ми одговара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И косата повторно зеде да ми расте, да ми се бујати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како да ми никнале некои крилја и само ми растат, ме креваат над земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас те прашувам тебе дали можеш да направиш ем да ми расте косава, ем да не ми биде долга.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Влатко со чеканот си го удри прстот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ништо“, рече, „еднаш веќе така ми се случи и четири месеци гледав како ми расте нокотот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Под нокотот веднаш му излезе модро, ама тој не офна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)