ми (зам.) - расправа (гл.)

Дошол мене да ми расправа. - Јас тебе ништо нејќам да ти расправам.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во возот разговаравме; тој ми расправаше за неговата кариера во циркусот и за љубовта со Ина Коленина; говореше дека во таа љубов и тој и таа влегле со некаква студена страст, и дека, во суштина, ништо не му недостигало; дека бил среќен и дека немал никаква причина да ја остави Ина, но дека сепак, решил да го напушти циркусот, и да ја остави таа жена; токму затоа што немал никаква причина, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Што ми расправаш за Евреите, - и сега се лути Боце, - за нив е овде јасно кажано, за оние стоичетириесет илјади, помазани од господа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Го сретив денеска Алтанов. Ми расправаше што станало после.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ми расправаа дека во болницата работат над илјада души.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште во Брисел ми расправаа дека Бланкенберге на Северно Море е најголемо летувалиште и одморалиште на Белгија, па и најголемо во овој дел на приморска Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сета ноќ, како што ми расправаа подоцна, сум бил во несвест од оган. Дури пред муграта, огнот стивнал.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Овде се одржуваат и завршниците на карневалот. За ова ми расправаше еден скопјанец, кој токму на ова место отворил хотел.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)