ми (зам.) - пука (гл.)

Чувствувам и гледам веќе земјата како ми пука под нозете суви усни во стотни трески.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ракавите, завртени, ми пукаат на рацете, ко ќунци, ко бории.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа почна да пишува со брзи неуредни чкрабаници: „Тие ќе ме стрелаат не ми е гајле тие ќе ми пукаат во тилот не ми е гајле долу големиот брат тие секогаш стрелаат во тилот не ми е гајле долу големиот брат...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ме вртат колената и лактите, ми пукаат зглобовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)