ми (зам.) - прска (гл.)

Дебелата вдовица, на Димка мајка му, му се внесе в лице и го прекори со глас од кој срцето ми прскаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А ногата боли до врвот, искри ми прскаат пред очи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гори и лета: снопчиња искри ми прскаат во очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Искри ми прскаат ко гламна да удрил некој од земја.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)