ми (зам.) - продолжи (гл.)

Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Погледот ми продолжи угоре, на блискиот рид на кој како да беше излегол Сталин од својот мозаик, граден со камчиња од сите краишта на Албанија по повод стогодишнината од неговото раѓање.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)