ми (зам.) - предизвикува (гл.)

Телото ми е запарено и ми предизвикува некоја мачнина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Непушењето ми предизвикуваше дополнителна нервоза, се чинеше ќе се распрснам одвнатре.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мојата работа е урнабабана и тој збор ми предизвикуваше експлозивна смеа до која не доаѓа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Колку што жолтата боја ми предизвикува наморничавост толку ја посакувам сината чадлива боја и колку што ја посакувам жолтата толку сината ми предизвикува наморничавост.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)