ми (зам.) - почне (гл.)

Извади од ранецот два сендвича со маргарин и салама и откако се најадовме и се напивме вода од реката, дедо ми почна да ми раскажува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сестра ми почна да си игра со мравките и не сакаше да копа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога беше сигурен оти наполно ја има довербата на Чанга, татко ми почна да му ги кажува своите страхувања за козите и за „незавршената класна борба”, како што често пишуваше на главните пароли во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)