ми (зам.) - покажува (гл.)

А кога ми ги подаваше писмата, кога ми покажуваше делови од рубите, кога ми ја покажуваше скршената лулка, кога...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
— Каде е Никифор? — Онаму, вели и ми покажува со рака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ми покажуваше таму, на Тумбата, каде точно сака да биде нејзиниот вечен дом, таа дури ни не праша што мислам јас за нејзиниот избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очигледно беше дека одамна го донела решението и дека самата е уверена во добриот избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пие од шишето. Ми покажува...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ми покажува како да правам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
– Каде ги дадовте козите! – продолжи шефот, додека неговите придружници веќе пребаруваа во дворот, во куќата. – Таму, таму ги дадовме! – процеди мајка ми покажувајќи кон паркот... – Каде таму... подобро кому?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Трпеливо ми објаснува. Дури и ми покажува кој прст каде да притиснам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се преправам дека не ми е јасно, а Соња ми објаснува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ми покажува нешто кон небото. Кон едно развласено облаче, плукнато над ливадите Баѕернички. Гледам јас кон небото, па гледам во Капинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)