ми (зам.) - подари (гл.)

Свети целиот како мојов ибрик зашто имал сила да ми подари роб!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Повеќе би се радувал ако чичко ми, кој беше учител негде во далечната Србија, ми донесеше грст бонбони или вистинска гумена топка, ако ми подареше било што, само не онаа книга со која не знаев што ќе правам.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога ѝ реков дека ќе го побарам и ќе говорам со него таа од радост ми подари и нова шамија за глава.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
За спомен ми подари грст стихови, на кои се потпиша.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мене, како на најмал, Чанга ми подари ноже со дршка од козји рог.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)