ми (зам.) - останува (гл.)

Тие стануваа метафора на неговиот живот која ми остануваше во наследство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само еден ти. Само тоа ми останува...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Печалам за семејството, а друго што ми останува. Се навикнав на овој живот. И тоа е сѐ...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Што ми останува мене друго? - Не ти зборувам јас за тоа. Да не се изродиш од народот ти велам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ми остануваа последните чекори за да ја минам границата, да се префрлам во едно друго време.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Почна да ми паѓа и косата. Цели тутки коса ми остануваат в раце.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Така така и ми побегна темното од лицето, очите си дојдоа на местото во глобовите, меѓу коскулињата се појави мевце и повеќе не ми остануваше вода кај клучните коски по капењето во јавната бања.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа беше малкуто време што ми остануваше да бидам со морето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со децении не сакав ниту да ги изнесувам своите спомени, во духот на некаква коњуктурна пишувачка мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога рано ќе ме напуштеше сонот излегував на морскиот брег.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Поетот Махмуд Дарвиш не веруваше во својата поезија- живот дека постои враќање од егзил. Тој својот раиз ќе го напушти на овој пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најсилната поврзаност со Палестина ми остануваше пријателството со Махмуд Дарвиш. Но за тоа подоцна...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мене ми остануваа сведоштвата за Арафат од времето на почетокот на остварувањето на политиката чекор по чекор која ја доживував во Картагина кога овде започнаа првите американско- палестински разговори, во пролетта 1988 година.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа, кога отидов да платам, и од торбата го истресов она што го бев собрала, Клара ми рече: “Ти сакаш да станеш мајка.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По некој предмет ми остануваше в рака, и го ставав во торбата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И во раката ми останува едно перче коса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)