ми (зам.) - олесни (гл.)

Кога ќе си го видам детето, ќе ми олесни...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дечко ми не ми олесни многу, освен што ме вклопи со мајка му кога ми кажа дека таа е психијатар. Тоа некако ми влезе под кожа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ова толку многу ми олесни да попуштам пред убедувањата да му станам животна сопатничка на мојот долгогодишен љубовник, најдобар пријател, музички соработник и веројатно кармички предодредена, повторно пронајдена, андрогина половина.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
АРАПОТ: (Покажува на вратата.) Соња. БОРИС: А, доаѓа Соња. Браво. (Пауза) Го испраќа во претходница. (Арапот седнува) Си седна. Питом човек. (Пауза) Сега ми олесна.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Лошо се пресеков - реков. - Помина низ затворен прозорец - се трудеше да ми олесни Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Умее тој и посложени нешта - рече Јана како којзнае колку да ме познава а нејзиниот ироничен поглед како да беше спремен за секаков вид напад, за предаство, па дури и за измислица.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ех, верувај ми, од грбов ми паднаа три планини тежина и многу ми олесна на душава! – рече Добре, најдобриот човек на светот – Пријателу, штом ќе ги сместиш каде што им е местото, врати се пак.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Потоа бргу-бргу го одвлечкала во болница за да може да ја измие крвта од креветот и никогаш да не се дознае дека Дејан бил таму.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми олесна кога другарките си отидоа. Кикиритките што ми ги донесоа веднаш ѝ ги дадов на Марија, мојата цимерка со две болни уши, која нема таков проблем со јадењето како јас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакав едно време да му кажам на Крмакот, колку да ми олесни, ама тој мајтап ќе тераше со мене.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Ти олесна, мори Марионке?“ „Ми олесна Спасио“. „Ех, уште кафенце да има некој да нѐ послужи“!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едно време успеав крстот да го откопам и малку како да ми олесна, бидејќи немаше крст како кај другите мртви.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Дури тогаш ми олесна. Како да ми се тргна нешто што ми газеше на душава.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)