ми (зам.) - одговара (гл.)

Се до нова средба лично ќе ми одговарате!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За сите тие покани што ги добивав за концерти имав менаџер кој ги уговараше термините, некогаш ме консултираше а некогаш и сам го правеше тоа, знаеше дека така ќе ми одговара.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ми треба некое помирно место за учење. Би ми одговарало приватно сместување. Плус, би биле и поблизу и би се гледале почесто.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Постојано те прашував: „Сигурно ли е празна?“ Ти ми одговараше да не се грижам, дека внимаваш на тоа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не велам дека ме одбива да си разговараме, или дека нема да ми одговара на прашања, ама сакам да речам дека нема да „ја имам“. Тука е, а не е тука.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Осеќам како ми расте, ми набрекнува телото, од секаде ми се јавува, ми одговара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Што? задушено се одѕива тој; како допрва да ме видел, ме гледа со раширени очи. Не ми одговара.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Па, мајката на Исус Христос, - ми одговара како да треба мене тоа да ми е јасно.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога бев кон крајот на книгата, повеќе од некакво внатрешно задоволство, ѝ телефонирав на Мајка. Никој не ми одговараше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
А тој никогаш не ми одговара. Не ме ни погледнува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го прашувам Доксима Тренчески, а Дуко Вендија ми одговара: - Тој пие со власта, вели, оти власта пие без пари.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)