ми (зам.) - нема (гл.)

Ќе ми биде многу драго да одам на кино со тебе. Но, тоа татко ми нема да ми го дозволи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јас се најдов малце во небрано, ама сега ми немаше назад: - Па не знам, луѓето се генерално гневни на Америка и на улогата на светски џандар што си ја презема...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Со право може да се нарече стажарско место на нејзината желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште една вистина што не е без значење: местото за могила што го избра мајка ми нема никаква врска со нејзиното и со нашето минато а уште помалку може да се поврзува со нашата иднината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Проклет да бидам, некогаш каков голем смејач бев, си замислував дека ми нема рамен, ќоравам сѐ околу себе!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ѕиркаше час јатагани, час копита, бечви, час пискуљи од коњска грива, час дизгини, превртени грпки од седла, чизми, пушки и кубури, камшици засукани околу нечиј врат како змии, а кога воздухот сосем се нагнети од потни тела на луѓе и коњи и стана густ за дишење, Петре си рече: и убог божјак да сум, ми нема спас.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Таа ми има зборувано само за селото Бањи. И тоа онака, патем.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Боге од Бањи. Не, мајка ми ми нема раскажувано за него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)