ми (зам.) - недостига (гл.)

Ми недостигаше читањето на уште многу таткови книги според оставениот распоред.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше јасно, но тоа подоцна го осознавав дека ми недостигаа татковите мудри совети, да патувам или не!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во еден миг се сетив, се присетив оти ми недостигаат Ише, Ишка и ишињата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
За Истанбул веќе не одам. Ми недостигаат долгите патувања.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но, тоа беше само физиолошко објаснение; јас знаев дека не телото, туку дека душата ми е болна, и дека ми недостига средето на светот. Затоа и одам: да го најдам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И мене не ми се враќаше од летување, а сепак одвреме-навреме се разжалостував и ми недостигаа моите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Одеднаш се почуствував бескрајно осамена без него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Почнав да го бакнувам на фотографијата и се расплакав. Многу ми недостигаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Баш е себичен! И бездушен!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден ден, кога ќе заминам, си велев, ќе ми недостига таа скудност со која се поврзав...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Помислив: дали е воопшто потребно да нагласувам дека тие разговори, игри, необични настани, (не знам уште како да ги наречам), не беа изведувани само еднаш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ваквото дружење подоцна прерасна во еден вид живеење или поточно игра, како што реков веќе, во која не вложував ништо а таа сепак ми ја поттикнуваше самодовербата и ги збогатуваше доживувањата што ми недостигаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)