ми (зам.) - навира (гл.)

Коле пред мене гризе нешто. Но знам, сливи со тоа, штом мене ми навира во устава вода.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во мигот како противтежа во чувствата од Атеистичкиот музеј ми навираат спомените од чудесните витражи во катедралите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Наеднаш се свестив. Почнав да чувствувам како ми навира крв во главата, во екстремитетите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Некои од нас сонуваат необични животни со гриви возвратени околу вратот со набрекнати и за кас спремни бедра како млади гиздави девојчиња со копита за долги копкања суштества што ’ржат и се пенат од милост што се топат суштества на јаве невидени невјавнати, на лов неоднесени би рекол и незауздани, неоседлани неразждребени а не знам од каде ми навираат зборовиве непознати како животните и бистрооки.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Солзите само ми идат, ми навираат, а не смеам да се расплачам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога онака грубо, по свое, директно во лице ќе ми ја плеснеше оценката за усилбата да запеам, солзи ми навираа во очите, што би рекол Конески, „во градите жал лута ме стискаше, ми идеше да плачам ко дете“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Но знам, сливи се тоа, штом мене ми навира во устава вода.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ми навираат под кожата и ме чешаат по целата снага. Да сум заљубена, тешко.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)