ми (зам.) - може (гл.)

Ми може некој нешто? Ме боли кур. Ти плати?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
МАНЕ: Ми можат нешто?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Ме мразеа и не ми можеа ништо. Не беа за мене никаква тајна. Им го познав дури и мирисот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Не давам, што ми можеш. Слободен сум јас човек!“, ќе речеш и ќе се притопориш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во неа добитокот, си мислеше Бојан, наполно е безбеден. - Ништо не ми можат!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакам да јадам праз колку што ми може душата и да си одморам под некое дебело дрво, а во меѓувреме да не морам да изџвакам од новите Orbit Ultra Fresh без шеќер или да купам четкичка за заби од најблиската продавница, па кришум да се мијам, притоа уредно зачешлувајќи ја косата...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Бесмртен сум... Ни болеста, ни Зенула сега ништо не ми можат...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ додека дедо ми можеше да излегува од дома на неговото ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Од многу причини највистинита ми се чини приказната на четвртиот глас: дека мајка ми можам да ја пронајдам само помеѓу девојките од Горномаалските анови, каде што сум била заборавена, но само од мајка ми а не и од другите девојки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
СОЊА: Мене не ми можеш ништо. Истури го бесот врз Матеј.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Бре, да зер саде ти си ми можел да го донесиш момчето на оваа скала - му рекол к'смето - та јас нешто не сум можел да го донесам!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ме мразеа и не ми можеа ништо. Не беа за мене никаква тајна. Им го познавав дури и мирисот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да, со татко ми можеа секогаш лесно да расчистат, но се плашеа од Чанга, Татко ми, впрочем, не беше толку наивен за да не насети од каде демне опасноста, тој секогаш некако, дури инстинктивно, ја насетуваше, и кога за тоа немаше конкретни индиции.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Иако немаше ветер пламенчето трепереше. Го гледавме со позинати усти.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Љупчо вовлече чад, потоа полека пувкаше гледајќи нѐ подзамижано.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Зинати, небаре не виделе пушач. Учете! Еве, вака: да си маж, вистински маж...“ се обиде да испувка тркалца, ама не му успеа. „Татко ми може“, рече Ташко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)