ми (зам.) - лебди (гл.)

- Ти ли ја отвори вратата, ти ли ја отвори? - му викав панично на Дино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не можам ни да го предвидам, во телово и душава ја чувствувам паниката која ме окупира, епицентарот на случувањата се менува со секоја нова бура од натприродни настани.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вешто едрење низ животот со насмевка која сѐ уште ми лебди на усните, полна со немир да го дознаам крајот на мојата приказна, но има уште многу што да се проживее пред да знам каков ќе биде крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Мирисот на храна што излегуваше од неговата уста ми лебдеше пред лицето, а неговите гровтања се мешаа со чкрипењето на креветот и шлапкањето на неговиот меснат стомак кој се плескаше од мојот грб.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)