ми (зам.) - кркори (гл.)

Уште кога ми текна на лебот цревата почнаа да ми кркорат од што ми се пријаде.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се вратија дома. Уште од портата чичко Тале викна: - Каде сте? Цревата ми кркорат од глад! - Еве, - одговори старичката - ти ја носиме баба Наца.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
— Море, невестата си е за невеста, токо, ај стоплите нешчо, оти цревата почнаа да ми кркорат како жаба моклишка! — вели Илко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мони извади од кутијата за леб едно меснато, дебело парче бел леб што ѝ го имаше подготвено мајка ѝ за појадок.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)