ми (зам.) - застане (гл.)

- Како, бе, така!? - Па, пак пробав да се самоубијам. Сега сум на психијатрија. Здивот ми застана. Ми се слоши.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Таа е моја крв и мене до ден-денес никој не смее накриво да ме погледне или не дај боже, да ми застане на пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во една дупка останата на местото од отпаднат камен, прстите ми застанаа на ладен метал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се уплашив дека не сум слушнала добро или дека не сум го разбрала прашањето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се оладив. Се здрвив. Мозокот ми се укочи. Срцето ми застана. Го изгубив гласот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми идат така имиња: едно ќе излезе, а друго ќе ми застане пред него. „Името треба да е претстава за неговото лице, за неговата личност, велеше Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И слатко и благо, што се вели, како мевлем ќе ми дојде и ќе ми застане.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислам: некои пилишта ми застанале овдека и само ме колваат, ме кинат со ноктите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сета душа, што се вели, ми се искачила кај забите, на уста ми застанала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми застанал умот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но наеднаш нешто ми се завалка, ми се препречи и ми застана овде под гушава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еден гуштер ми застанал вака и ме гледа, се гледаме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Знаеше дека кога нешто ќе наумев, тешко можеше нешто да ми застане на пат. И кога беше во право.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Клаена сум во чудо. Некоја осојница ми застанала овдека, вака, ми се препречила.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој укруп му застана во градите, укруп и мене ми застана за него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И јас не издржав. Умот ми застана.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)