ми (зам.) - доаѓа (гл.)

Просто чувствувам како пријатноста ми доаѓа и пријатно ми е од самата најава на пријатноста.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ми доаѓа на памет студијата на Канети за власта, секако ја имаш предвид.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„И јас не сакам така“ реков, „ама, ми се случува, одненадеж ми доаѓа, ме тера... морам...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Тие не знаеја веќе што да прават, господин и госпоѓа Мервин, се прашуваа од каде ми доаѓа таквото молчење, тврдоглавиот инает...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Тоа е тешко, велам. И минатиот пат инсистиравте на тој ваш редослед па видовте колкави беа недоразбирањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му велам: „Другар иследник, дали смеам да ги изнесувам размислите по оној редослед по кој ми доаѓаат на ум во овој момент?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ах, не знам. Најдобро е да бидат по оној друг редослед, како во моментот на случувањето. А во тоа ќе ви помагаат како и досега моите потпрашања", настојува тој.“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Ми доаѓа да се напијам! Премногу е бистро езерово! – рече Еразмо, брзајќи кон езерото со раширени раце.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И ми доаѓа да викнам и да провикнам: Луѓе, луѓе, о луѓе!... Каде сте, бре, луѓе!!! Нема одѕив.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Внучињата тргнаа по татковиот пат. Живеат во Скопје и ми доаѓаат на гости.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Толку многу што ми доаѓаше да побегнам некаде каде што нема никој и ништо.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мислев како да го наведам разговорот на жената што дојде со тетка Рајна, но ништо не ми доаѓаше на памет.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми доаѓаше да ја прегрнам силно, силно...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ми доаѓа на гости. Си муабетиме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Онаква каква навистина ќе беше мојата ќерка ако не ја подгониле во некој логор, меѓу жици и пци. Ми доаѓа да се пошегувам сурово.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
На страната на Добрина Стана, во перспектива на Скодра, наежени коњи од сталагмит и здрвени џандари, влажни и порабени векни ветер ги прават надмени прозорците.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веќе три дни не ми доаѓа ништо од далечината.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во тие мигови ме обземаше очај, во толкава мера што ми доаѓаше да се вратам, да го заобиколам Шумшул –град и да се стрчнам кон Пупипафија, во која, речиси до вчера, живеев безгрижно.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во непознатиот крај низ кој минувам немаше населби и немаше обработена земја. Никаков знак на човечки живот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ми доаѓа да се пошегувам сурово.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не ми доаѓај, мила мајчице, не ми доаѓај под сртовите пелистерски - Може токму тогаш да намине и да ја одмине домата наша...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога го закопавме, сѐ беше убаво, само што беше заладено.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Секој час ми доаѓа и ми збори. - Што ти збори?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
2. Завист, Сатурне Се впикуваш во сѐ, насекаде и во живо, и во мртво јадливо, отровно на сон ми доаѓаш каде не, кога не и покрај сѐ – молам да те видам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Едвај чекав да си легнат сите за конечно да можам да се затворам во тоалетот, да си го земам мобилниот телефон со себе во кој имав игра „пасијанс“ и да си седнам опуштено врз шолјата, обидувајќи се конечно да се олеснам, иако таква работа природно не ми доаѓаше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми доаѓа однадвор, а како да се корне од мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многупати ми доаѓа да ги затворам очите, така одненадеж, од добростоење ќе ми дојде да ги затворам очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да ме убиеш не знам кај ми паѓа сонцето, што се вели, од која страна ми доаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме држи во некој занес; ниедна мисла не ми доаѓа чисто.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа ми доаѓаше како висок оган, како треска.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И гласот на водата ми доаѓа испревртен, од некое друго време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Светлото, иако е запалено, ми доаѓа некако придушено, неземско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ту ми се оддалечува, ту поблиску ми доаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гласот ко светулка ми доаѓа во ќелијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Свирењето на штурците ми доаѓа како ѕвонење на стадо, истерано на ноќна испаша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, неговото дишење сѐ отпоблиску го слушам, сѐ понаблиску ми доаѓа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш од некаде ми доаѓа свирење на клавир.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Викањето ми доаѓа заедно со миризбата на лековите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Тој, бре, што ми доаѓа насоне секој ден.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Копајќи така, гледам баба ми доаѓа и плаче.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ама не велам, оти тоа би звучело многу невоспитано, па си молчам и одвај чекам да ме остават на мира, да си влезам во мојата соба и да застанам пред големото огледало што ми е крај креветот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Толку се сневеселувам што понекогаш ми доаѓа да го скршам тоа злобно огледало што ми се смее и потсмева како од него да се клешти онаа лошана кралица- вештерка од приказната за Снежана.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И да не сакам, ме тера да си ги откривам деталите што не ми се допаѓаат. На пример, нозете!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Имале право моите, светот нема да ми побегне, допрва е пред мене животот и патувањата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ми доаѓа на таквите да им речам, што сте зинале бре, што има толку интересно да се гледа на мене?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога ќе се сетам на времето од пред две – три години и на мојата најголема и најтажна опсесија – дека годините ми минуваат, сите некаде одат во странство, а јас преку граница не сум мрднала, и дека којзнае кога и дали воопшто некогаш ќе ми се случи, ми доаѓа самата себе да си се изнасмеам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)