ми (зам.) - врати (гл.)

Зајден сум некаде, а тоа некаде, не ми враќа ништо, нема одѕив од светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
... Погледни ме веднаш сенко моја што така немо си седиш и залудно ме следиш Не заборавај сенко, си втора по судбина, после мене А мора, мора да си наследила барем нешто од она што јас вешто некогаш го правев а ветерот го однесе за навек Побарај ме сега види Во мојот дневник Дали јас некогаш те славев и оставив аманет да продолжиш по мојот пат Заборави засекогаш на моите патила Извини за она што некогаш те мамев Врати ми сега, ако не си ми вратила
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
„Секогаш ти помагав кога ќе ти беше тешко... Секогаш ти излегував во пресрет, а ти со зло ми врати...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Која како ќе стане и ќе се накрене да ми врати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Крева рака и тој да ми врати, речиси замавнува, но само повторно си ја обришува устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А можеби плачеше дека не може да ми врати.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му пишав на Никифор, а тој веднаш ми врати писмо да му го смениме името.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)