ми (зам.) - викне (гл.)

„Симон“, ми викна некој, „ашколсун. Ќе дојдеме до вода“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Абраш во еден скок се најде крај мене и ми викна: - Молња, собери ги твоите, моиве не знаат за доста!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- И ти си како дедо ти! - ми викна даскалот, небаре, како да ми плукна в лице.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Маќеата Тимка го вадеше лебот од фурната и ми викна: Миле, што сакате за вечера да ви подготвам, прженици со сирење или нешто друго?, а јас ѝ реков: За мене не е важно, зашто јас не бирам ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Така подлетнував, господ да ми прости, само кога ќе ми викнеше да отспрегниме, да растовариме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)