ми (зам.) - вика (гл.)

Сѐ нешчо ме копка однатре и ми вика „а бре тепај, море, тепај Турчин кај ќе видиш, кај ќе сретниш, тепај, треби пезевевенци. Ама гледај баре да има зошчо“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Секогаш ми вика да не се тртам кај што не треба. Не се тртев, ме натртија!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ти не ме викаш како што сум крстен, туку: „бре, море, Коте...“ Јас не сум маче та ќе ми викаш коте! (Сите се смеат и де гледаат во Котета, де гледаат во Депа).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Гулјај, гулјај, нада гулјат26, ми вика полицајката и ме врти горе на терасата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги закопуваме кутиите в земја, а оданде ми викаа: Те бара Горачинов, те бара Горачинов!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кој ми вика сега ѓубре?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стани, ми вика едниот и ми ги пушта нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми мавтаат со раце оттаму, на цел глас ми викаат: — Ајде уште малку, ајде уште малку!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Си мислам дека ја слушам мајка: ми вика, избезумена, некаде одозгора, од високо... 41.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Понекогаш и мене вака ми вика детето, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И кога татко му го наврти цел град да ми вика „уа!“, да не можам да препоминам по улица? (Гордо).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
МАРИЈА: Немој да ми викаш. (Пауза.) Слава е утре. (Пауза. Влегува Вера. Носи празно корито.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Јас не сакав, а тој почна полека да ми вика зашто сум му се спротивставувала.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас повеќе се влечкав седната, беше многу стрмно, кога слушнав како чичко ми вика: Бошко, Мила нека се врати назад и некако потоа за час го снема.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми вика: ”Јас не сум кралска готвачка...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пеј, Велико, пеј, ' ми вика Уља, Смилјанине, лудо дете, пејам, смил ти појас половина, пеј и играј, Велико, ја слушам Уља, сен ти лудо убавина, велам, што ти лице повенало.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брат ми зборуваше и тоа сѐ наврекнато уште десетина минути можеби, навистина не знам точно да ви кажам, оти баш за тоа време воопшто не бев при себе, како некој друг да стоеше место мене заглавен во незгодата и асфалтот но, кога малку дојдов на себе, во мислите ми се заврти филмот за овој човек овде што ми викаше, и мислам, почнав да размислувам.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)