ми (зам.) - бега (гл.)

Ако ме фатат не ми бега куршумот. Дезертер, ќе речат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Облаци златокоси, дождови темнооки, Таги мои извишени, ноќи најглобоки, Што ми бегате штом ве иштам Дури лелекам, дури пиштам Од болки-додолки, од маки мартинки, Штом се стишам кога дишам Темното штом го рисам, За да светнам и да летнам, Како птица небесница, пеперуга златница Како миризлива стих-латица Како ѕвезда крилатица?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Со надеж неумитна ја барам земјата која постојано пред погледот ми бега, повеста која не дава да се вообличи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се думам така и гледам низ решетките: ми бегаат некои наретки дрвја и некоја недогледна рамница што се одвртува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одиме пак низ ходниците, а нозете уште ми се тресат. Една од друга ми бегаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секоја мисла ми бега од зборот, не може да се состави.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама и рацете ми бегаат, не стојат кај што ќе ги ставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нешто разбирам, а нешто ми бега непознато.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми бегаат пред очи полињата и оголените шуми: црешните и маслинките, прецветаните и насланети тутуни, откатените диви костени...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одам и само кај пешникот ми бегаат очите, кај франѕолата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум, вели, и ми бега некаде гласот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас претам, се отимам, а едно крајче од стравот пак ми бега кај Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Зар не гледаат дека главата само натаму ми бега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас пак, за да не ми бегаат нозете надолу, сум ги потпрела со камења.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми оди некаде, ми бега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само таму, преку граница ми бега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Здравјето веќе ми попушта: ми се одлева некаде, ми бега од снагата. Ми бега и облеката од мршата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми бега, ко крт ми се губи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можам разните слики да ги составам во една. Растурени ми се на сите страни. Ми бегаат.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Интересно е, ама мене мислата ми бега некаде далеку.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Си зборуваме со Григора, а очите ми бегаат кон ќерка му, Левтерија, застаната пред маските.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тешка ми е секирата, настрана ми бега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе одев и кај што змиите гризат железо, нема мака за мајка, мачки да ја јадат, нема мака за живот, си мислам, ама пуста јас, вака само ќе ве гледам како ми бегате од раце, сѐ посама ме оставате, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Па трчам таму. Ама и оттаму ми бега водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)